четврток, 23 јануари 2025

Фридрих Мерц, фаворитот на изборите во Германија, најавува поостра политика кон мигрантите

Лидерот на германските конзервативци и фаворит на парламентарните избори на 23 февруари, Фридрих Мерц денеска вети „фундаментална промена“ на регулативата за мигрантите.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Еден ден по нападот со нож во кој беа убиени две лица во парк во градот Ашафенбург на југот на Германија, што му се припишува на психички растроен Авганистанец, илегален имигрант, Мерц на новинарите им рече дека доколку стане канцелар, ќе воведе „фундаментална промена во правото на влез, азил и престој“ во Германија и ќе воведе „трајна контрола“ на границите со соседните земји, притоа „спречувајќи секаков обид за илегална имиграција“.

„Ќе има забрана за влез во Сојузна Република Германија на секој кој нема валидни документи или кој ја користи европската слобода на движење“, рече тој, оценувајќи дека регулативите на ЕУ – Шенген, регулативата Даблин и Евродак се „очигледно нефункционални“.

Затоа „Германија треба да го искористи своето право на првенство на домашно право“, изјави Мерц.

Во последниве месеци во Германија се случија неколку смртоносни напади, чии извршители се од странско потекло, што во екот на предизборната кампања ја разгоре дебатата за политиката кон мигрантите.

Мерц, чија конзервативна партија води на анкетите пред крајната десница, ја критикуваше политиката на поранешната канцеларка Ангела Меркел кон мигрантите.

Повеќе од еден милион мигранти, претежно Сиријци и Авганистанци, бегајќи од војна и прогон, најдоа засолниште во Германија за време на кризата 2015 и 2016 година.

Бројот на барања за азил – речиси 900.000 што беше врв во 2015 година, а по 2014 година кога имаше 213.000, се намали во текот на следната деценија во Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ