Мечот меѓу Фриц и Зверев почна со тајбрејк кој убедливо го доби Американецот со 7-2. Зверев врати во вториот сет го доби со 6-3 и изедначи на 1-1.
На задоволство на домашната публика, Фриц го врати водството добивајќи го третиот сет со 6-4, а во следниот беше подобар со 7-3 во тајбрејк за триумф од 3-1.
Во полуфиналето Тејлор Фриц ќе игра со својот сонародник Франсис Тиафо кој го помина Григор Димитров.
Тиафо со 6-3 го доби првиот сет, во вториот се играше тајбрејк кој му припадна на Димитров со 7-5 за изедначување на 1-1.
Во третиот сет Тиафо беше подобар со 6-3, а при водство на Американецот од 4-1 во четвртиот сет, Димитров го предаде мечот поради повреда.