четврток, 14 ноември 2024

Француски медиуми ја тужат социјалната мрежа Икс бидејќи ги користи нивните содржини без надомест

Големи француски новинарски куќи, вклучувајќи ги Монд, Фигаро и Паризиен, најавија тужба против социјалната платформа Икс бидејќи наводно ги користи нивните содржини без плаќање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Француските медиуми соопштија дека Икс им должи финансиски средства според правилата кои предвидуваат дигиталните платформи да им плаќаат на медиумите за дистрибуција на нивните содржини.

Медиумите тврдат дека Икс, поранешен Твитер, никогаш не се согласил на отворени преговори со нив, за разлика од Гугл и Мета.

Го обвинуваат Икс, кој е во сопственост на милијардерот Илон Маск, сојузникот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, дека не ја послушал одлуката на парискиот суд за правда од мај за објавување на информациите потребни за пресметка на вкупниот долг.

„Приходите од тие права, со инвестициите кои со тоа би им биле овозможени на нивните корисници, се поттик за плуралност, независност и квалитет на медиумите, клучни за слободата на изразувањето и правото на информирање во нашето демократско општество“, соопштија француските медиуми.

Портпаролот на парискиот суд го потврди случајот и најави сослушување на 15 мај следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ