среда, 4 декември 2024

Француската влада би можела да падне уште оваа недела

Француската влада би можела да падне уште оваа недела, најавува Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Малцинскиот кабинет на премиерот Мишел Барние во Париз, на кого претседателот Емануел Макрон му даде поддршка во септември, би можел да се соочи со изгласување недоверба до среда, евентуално четврток, поради расправата за буџетот за социјалните давачки.

Барние се наоѓаше во процеп меѓу Новиот народен фронт и десничарскиот Национален собир, но сега поради предложениот буџет остана без маневарски простор.

Неговиот предложен буџет е казна која Французите ќе ги направи посиромашни, а десничарскиот Национален собир ќе гласа против владата, „освен ако не се случи чудо во последен момент“, кажа лидерот на партијата Жордан Бардела за РТЛ.

Франција е втората по големи економија во еврозоната, но има „куп долгови“, оценува Политико, поради што „француската влада никогаш не била вака кревка а нејзиниот парламент вака скршен цела една генерација“.

На владата ѝ е потребно парламентот да го одобри буџетот а социјално осигурување за следната година за да се избегне и политичка и финансиска криза.

Дефицитот на Франција следната година би требало да биде 6,1 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Првичниот предлог на Барние беше намалување на потрошувачката за 40 милијарди евра и зголемување на даноците од 20 милијарди евра.

Неговиот проблем, наведува бриселскиот медиум, е што двете опции за донесување на буџетот бараат соработка со Националниот собир. Нивните „црвени линии“ вклучуваат укинување на предложеното зголемување на данокот на струја и одложување на годишното прилагодување на пензиите на инфлацијата.

Националниот собир бара и Париз „драстично да го намали“ државното финансирање на здравствената заштита за нелегалните мигранти и преговара со Европската Унија за намалување на финансиските придонеси на економскиот блок.

Ако Барние некако успее да обезбеди поддршка и да се одржи на власт уште неколку недели, ќе се соочи со истиот проблем подоцна овој месец, кога ќе дојде на разгледување буџетот за 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ