недела, 22 декември 2024

Франција ќе ѝ ги испрати авионите „мираж“ на Украина

Франција на Украина ќе ѝ ги испрати ветените борбени авиони „мираж“ во првите три месеци од 2025 година, кажа францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну. Тој кажа дека авионот во моментов се надградуваат со нова опрема, вклучувајќи електронска опрема за сузбивање непријателски сигнали за попречување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека обуката на украинските пилоти и механичари во Франција продолжува. Лекорну не го прецизираше бројот на авиони „мираж“ кои Франција и други земји планираат да му ги испратат на Киев.

Францускиот претседател Емануел Макрон вети на почетокот на јуни дека ќе испрати авиони во Украина. борбените авиони мираж 2000-5 се главно дизајнирани за одбрана на воздушен простор и може да се опремат со крстосувачки проектили, кои веќе му се испорачани на Киев.

Француските воздухопловни сили планираат да ги пензионираат борбените авиони „мираж“ до 2030 година и да ги заменат со помодерните „рафали“. Франција има 40 авиони мираж 2000-5 и тој тип авиони е веќе извезен во други земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ