среда, 23 октомври 2024

Франција е првиот финалист на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри

Франција со 73-69 ја победи Германија и ќе игра во финалето од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Домаќинот немаше добар старт на мечот, Германија ја доби првата четвртина со 25-18, но потоа се сменија работите. Французите ја стегнаа одбраната, Германците во вториот период постигнаа само осум поени, на крајот ужасната статистика во овие десет минути се покажа и како клучна.

Франција водеше, а Германија се обидуваше да стигне, но не успеа, конечниот резултат беше 73-69.

Јабуселе беше најефикасен во составот на Франција со 17 поени, а најдобар кај Германија и на мечот беше Шрудер со 18 поени.

Франција во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу САД и Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ