Во шесте училишта поставени се фотоволтаици со вкупен капацитет од 147,5 киловати моќност и ќе произведуваат околу 168.000 киловати електрична енергија годишно. Во дел од училиштата кои се греат на инвертер клими ова ќе биде од голема корист, зашто драстично ќе се намали трошокот за електрична енергија. Во другите училишта, произведената струја ќе се користи за осветлување на просториите, за топла вода и други потреби, но нема да ги земени системите за греење на мазут.
„Електричната енергија што ќе ја произведуваат овие централи ќе биде бенефит и за училиштата, а преку тоа и за Општината. Бенефитите ќе бидат видливи преку сметките за струја и тоа веќе следната година“, рече градоначалникот Тони Коњановски.
Во лето, централите ќе произведуваат струја и таа ќе оди во мрежата на елетродистрибуција, а потоа ќе има нивелирање на сметките за струја која училиштата ќе ја трошат во облачни денови. Фотоволтаиците ги финансираше Фондацијата Отворено општество Западен Балкан, а проектот Сончеви училишта е спроведен во 17 образовни установи во Македонија.