„Во комплексот кој ние го изградивме, од фирмата Оскарпласт 2001 ДООЕЛ Струга, поставена е армирано полиестерска пречистителна станица за ЕЖ 150 ПСОВ – 150, за која ги имаме добиено сите дозволи од надлежните институции и решение за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина од Министерството за животна средина УП1 – 11/4-880/2021 од 29 јуни 2021 година.
Дополнително информираме дека пречистителната станица е поставена и e во функција повеќе од две години и истата, заедно со сите дозволи, е предадена на управување на компанијата Инфинити клининг груп од Скопје која повеќе од две години го одржува комплексот.