Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на деца од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци.
„Неопходно е заеднички да дејствуваме. Само со посветено партнерство и соработка помеѓу различните институции, младите, родителите/старателите и згрижувачите, граѓанското општество и меѓународните организации, ќе овозможиме поддршка за менталното здравје на нашите деца и адолесценти“, додаде министерот.
Воедно, министерот Меџити изрази благодарност до канцелариите на СЗО и УНИЦЕФ во Скопје за континуираната поддршка при спроведување на активностите поврзани со менталното здравје на децата и адолесцентите, како и на граѓанското здружение „БИОМ- Центар за одржлив развој“ за ангажманот и посветеноста во вклучувањето на претставници – лидерки од локалната заедница.
…