недела, 22 декември 2024

Формиран Иницијативен одбор за пуштање на слобода на осудените за упадот во Собранието

Како што информираше организаторот на иницијативата, Тодор Кулаков, проектот се состои од неколку фази кои планираат да ги реализираат. Едната фаза е ослободување на осудениците кои на 27 април 2017 година упаднаа во Собранието и нивно обесштетување, како и преименување на две улици во градот во чест на, како што рече „уставобранителите“.

Објавено на

часот

Сподели

Иницијативниот одбор на проектот „Стоп на политичкиот терор и прогон“ денеска одржа презентација на проектот чија главна цел е слобода за осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Како што информираше организаторот на иницијативата, Тодор Кулаков, проектот се состои од неколку фази кои планираат да ги реализираат. Едната фаза е ослободување на осудениците за упадот во Собранието и нивно обесштетување, како и преименување на две улици во градот во чест на, како што рече „уставобранителите“.

„Направивме алманах за детално да објасниме како се одвива проектот и на кој начин стигнуваме до донесување слобода за сите тие луѓе. Ова е случај кој го следат полно контроверзии. Седум години многу работи се испуштени, многу работи не се направени, односно, апсолутно никаква иницијатива не е пројавена до пола година наназад, а после тоа на чуден начин почнаа разно разни иницијативи. Јас ќе речам дури и без концепт. Но, ова е проект кој една година е подготвуван и стоиме позади тоа дека е единствен којшто ќе донесе слобода за браќата од 27 април“, рече Кулаков.

Крајниот рок за проектот, како што дополни, е седум месеци.

„Крајниот рок е седум месеци што е своевиден рекорд имајќи во обзир дека треба да се донесе правосилна судска пресуда. Значи треба прво да се издејствува повторување на постапка, па самата постапка да се повтори. Една пресуда, па после втора пресуда, да побараме Апелација да стане правосилна“, рече тој.

Другите цели на здружението, како што дополни, е да се анимира јавноста дека не само осудените се жртви на политичкиот прогон.

„Јавноста треба да знае и да почувствува дека семејствата се подеднакви жртви на политички прогон. Деца без татковци растеа, деца се родија, седумгодишни деца станаа. Заради тоа како еден следствен чекор откако ќе донесеме слобода ќе се избориме за оштета од државата заради таквиот политички прогон, но и оштета на сите членови на нивните семејства“, дополни тој.

Како последна фаза од проектот, истакна дека ќе ги контактираат Советот на Град Скопје и градоначалничката за два булевари во градот да се прекрстат во улица на жртвите на политички прогон и во улица на „уставобранители“.

Според Кулаков, со овој проект ќе издејствуваат, како што рече, „никој во иднина „да не помисли да проба да прави слични политички прогони“.

Во Иницијативата, како што информираат оттаму, членуваат преку 30 ентитети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ