„Тоа на членките ќе им овозможи значително да ги зголемат издвојувањата за одбрана“, кажа Фон дер Лаен на Безбедносната конференција во Минхен.
Според сегашните правила, буџетската дупка не смее да надминува три отсто, а јавниот долг 6 отсто од БДП.
„Мораме да го усвоиме тој менталитет на итност“ кој го имавме кога ги набавуваме вакцините за коронавирусот, истакна шефицата на извршното тело на ЕУ.
Според неа, блокот денес на одбраната троши околу два отсто од БДП и минатата година ги зголеми издвојувањата од 200 на 300 милијарди евра.
„Но, ќе мораме значително да зголемиме. Раст од два на три отсто би значел стотици милијарди нови вложувања“, кажа Фон дер Лаен и најави поголеми инвестиции од заедничките фондови, вклучувајќи ја Европската инвестициска банка, која според сегашните правила не смее да кредитира воени проекти.
Одговарајќи на плановите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини на ЕУ, Фон дер Лаен истакна дека трговските војни немаат смисла и дека царините ги погаѓаат луѓето од двете страни на Атлантикот.
„Неоправданите царини за ЕУ нема да останат без одговор. Ќе ги користиме сите алатки за да ги одбраниме своите интереси и да ги заштитиме потрошувачите. Сакам договор кој е добар за сите нас“, кажа таа.