среда, 4 декември 2024

Фокс њуз: Трамп му предложил на Трудо Канада да стане 51-ва држава на САД

Доналд Трамп му предложил на канадскиот премиер Џастин Трудо минатата недела, доколку царините за неисполнување на трговските и имиграциските прашања би ја уништиле економијата на соседна Канада, можеби Канада би требало да стане 51 американска сојузна држава, објави Фокс њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Минатиот петок Трудо непланирано отпатува на средба со Трамп во Мар-а-Лаго откако новоизбраниот претседател на САД му се закани со воведување високи царини на канадските производи. Трамп им се закани со воведување царини на Канада и Мексико во износ од 25 отсто поради, како што кажа, нивната неспособност да го сопрат протокот на нелегални мигранти и опојни дроги од тие земји во САД.

Како што пишува Фокс, повикувајќи се на две лица кои биле на масата и го слушале разговорот, Трамп, иако љубезен и срдечен, бил многу директен во однос на тоа што очекува од северниот сосед.

Трамп му кажал на Трудо дека Канада ги изневерила САД бидејќи дозволила големи количество дрога и луѓе да ја преминуваат границата, вклучувајќи нелегални мигранти од повеќе од 70 различни земји.

Изворите тврдат дека Трамп го проценил трговскиот дефицит на САД со Канада на повеќе од 100 милијарди долари. Тој му кажал на канадскиот премиер дека, ако Канада не го реши прашањето со границата и трговскиот дефицит, ќе наметне 25 отсто царина на сите канадски производи уште првиот ден кога ќе се врати на власт.

Трудо му одговорил на Трамп дека не може да воведе таква царина бидејќи тоа целосно би ја уништило канадската економија. Трамп одговорил, прашувајќи: „Значи вашата земја не може да преживее освен ако не ги мами САД за 100 милијарди долари?“

Трамп му кажал на Трудо дека ако не може да ја исполни листата на барања без „искористување“ на САД во трговијата, можеби Канада навистина би требало да стане американска држава, а дека Трудо би можел да биде гувернер. Иако изворите велат дека разговорот предизвикал многу насмевки, Трамп истакнал дека очекува промени до 20 јануари.

Фокс њуз ги контактирал тимовите на Трамп и Трудо за изјави, но ниту еден не одговорил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ