Потврдени се најмалку 16 смртни случаи поврзани со ураганот.
Повеќе од милион и пол луѓе се евакуирани, повеќе од два милиони луѓе немаат струја, бројни подрачја се поплавени, нивото на морето расте, и забележани се екстремни количества врнежи. Најтешко се погодени областите на Нејплс, Форт Маерс и Тампа.
Иако Милтон не предизвика катастрофален бран вода од кој се стравуваше на Флорида, една од многуте држави кои пред две недели ги погоди ураганот Хелена, операцијата за чистење ќе потрае од неколку недели до неколку месеци.
„Ни ги отвора очите за она што мајката природа може да направи“, кажа за Ројтерс локалниот жител Чејс Пирс.
Петтиот најсилен атлантски ураган во историјата, Милтон, само осигурувачите на куќите може да ги чини до 100 милијарди долари, велат аналитичарите.
A construction crane crashed into a building in downtown St. Petersburg during Hurricane Milton. pic.twitter.com/UB5s63RPRX
— AccuWeather (@accuweather) October 10, 2024
Белата куќа вети поддршка од владата бидејќи целосните размери на штетата сè уште се утврдуваат.
Меѓутоа, републиканецот Доналд Трамп ги нападна своите демократски противници поради нивното управување со обновувањето по невремето.
„Сојузната влада не го направи она што требаше да го направи, особено за Северна Каролина“, кажа тој во четвртокот. Северна Каролина исто така беше тешко погодена од ураганот Хелена, а Трамп се соочува со тесна борба против својата противкандидатка на американските претседателски избори Камала Харис.
Drone video captures devastation from Hurricane Milton in Grove City and Manasota Key, Florida. pic.twitter.com/Wu8i1FlaOF
— AccuWeather (@accuweather) October 10, 2024
Харис, која кажа дека Трамп шири лаги за одговорот на владата, му возврати: „За жал, видовме во последните две недели, од ураганот Хелена, а сега непосредно по Милтон, дека луѓето играат политички игри“, кажа таа, неименувајќи го Трамп.
Владата на претседателот Џо Бајден кажа дека на Сојузната агенција за управување со вонредни ситуации ѝ се потребни дополнителни средства од Конгресот, каде републиканците го контролираат Претставничкиот дом, а демократите Сенатот и ги повика пратениците да дејствуваат.
Гувернерот на Флорида Рон Десантис предупреди дека, иако државата го избегнала „најлошото сценарио“, штетата е сепак значителна.