недела, 20 октомври 2024

Фјури победи, Нгану ги собра аплаузите (ВИДЕО)

Тајсон Фјури со судиска одлука го доби бокс мечот против Франсис Нгану кој се одржа во Саудиска Арабија, славниот шампион малку фалеше да загуби од поранешниот УФЦ борец.
 

Објавено на

часот

Сподели

За Нгану ова беше прв бокс меч во кариерата, па шампионот Тајсон Фјури се чини дека го потцени, а тоа за малку ќе го чинеше спектакуларен пораз.

Нгану во третата рунда со лево кроше го патосираше Фјури кој падна во нокдаун. Откако се опорави беше подобар и не се најде во слична ситуација, но не успеа да го заврши мечот пред регуларниот истек на времето.

На крајот двајца судии гласаа во корист на Фјури (96-93 и 95-94), а еден за Нгану (95-94), што зборува за изедначеноста на мечот.

По мечот Тајсон Фјури беше полн со пофалби за Френсис Нгану велејќи дека тоа била една од неговите најдобри бобри во последните десет години.

„Тој е ѓаволски добар борец и многу подобар отколку што мислев. Многу незгоден човек и многу го почитувам. Ми овозможи една од најдобрите борби во последните 10 години. Нема клаузула за реванш со Нгану, но сакам пак да боксувам со него“, изјави Фјури.

Тајсон Фјури на 23 декември го очекува официјален меч за апсолутен шампион против украинскиот боксер Александар Усик.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ