Рано утрово (49) од Скопје пријавил дека на територијата на скопската населба Аеродром, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзиното поранешно момче.
М.А. (40) од Скопје пријавила дека вчера на подрачјето на Бит Пазар со тврд предмет била физички нападната од Ф.Н.
19-годишна девојка рано утрово пријавила дека претходниот ден околу 13 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот малолетен партнер и неговата сестра.
На подрачјето на скопската населба Карпош, полицајците го привеле А.Г. (47) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга.
По целосно документирање на сите овие случаи МВР информира дека ќе поднесат соодветни поднесоци.