сабота, 27 јули 2024
По трагедијата во Штип

Фирмата во чиј угостителки објект во лифт загина пензиониран готвач ќе добие кривична пријава

Државниот инспектор за труд (ДИТ) ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство во Штип против фирмата ДУТ КАКАДУ ДООЕЛ Штип, во чиј угостителски објект на 18 мај се случи трагедија во која загина еден пензиониран кувар, а еден работник се здоби со тешки телесни повреди при пад на лифт. Во соопштението на ДИТ стои дека инспектор извршил увид на местото на несреќата, при што утврдил дека се случила несреќа при работа на две ангажирани лица В. П. (70) година и Т. О. (58).

 

Објавено на

часот

Сподели

„Анажираните лица  извршувале работни задачи – сервирање и послужување на храна и пијалоци во ресторанот Астибо Плаза Штип. Во моментот кога се случила несреќата, истите ангажирани лица од кујната (која се наоѓа на првиот спрат од објектот), внесувале количка со празни чинии во теретен лифт и во моментот кога ја внеле количката во лифтот доаѓа до откинување на сајла на лифтот, при што лицата паднале со лифтот од висина од 4,80 метри и истите се здобиле со тешки телесни повреди“, се вели во соопштението на ДИТ.

Во него се вели дека присутните лица кои биле работно ангажирани во ресторанот, на инспекторот му изјавиле дека веднаш по падот на двете лица, истите биле контактибилни, укажана им е медицинска помош, по што веднаш се транспортирани во ЈЗУ Клиничка Болница – Штип.

За времетрањето на инспекцискиот надзор, добиена е информација од припадниците на СВР Штип, дека едно од повредените лица В. П. им подлегнал на повредите, а другиот ангажиран работник Т.О. се здобил со тешка телесна повреда.

Инспекторот констатирал дека со двете ангажирани лица, работодавачот нема  склучено договори за вработување и истите работеле кај него спротивно на законските одредби.

„Од областа на безбедност и здравје при работа, утврдено дека работодавачот има проценка на ризик на работните места, а нема склучен  договор за вршење на систематски прегледи со овластена здравствена установа од областа на медицина на трудот, нема спроведено систематски прегледи во овластена здравствена установа од областа на медицина на труд за двете ангажирани лица В.П. и Т.О. за истите лица нема спроведено соодветна обука за безбедност и здравје при работа по посебна програма од страна на овластена стручна фирма од областа на безбедност при работа и нема упатство за безбедно извршување на работните задачи за работно место –угостителски работник, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за труд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ