Домаќините добро го почнаа мечот и поведоа со гол на Ванакен уште во 20. минута.
Белгискиот тим долго време го држеше водството, но не успеа до крај. Во 85. минута Белтран од пенал изедначи на 1-1, што беше и конечниот резултат.
Фиорентина минатата година од Вест Хем беше поразена во финалето, сега ќе има нова шанса да го освои пехарот.
Утре Олимпијакос и Астон Вила ќе играат во второто полуфинале, грчкиот тим има предност од 4-2 по првиот меч.