среда, 5 февруари 2025

Акција на Финансиската полиција – се претресува домот на Пеце Мирчевски, поранешниот директор на СОЗР

Финасиската полиција влезе во домот на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски и врши претрес барајќи докази за сомневањата дека во периодот од 2021 година како директор на владината служба вршел злоупотреби во делот на јавните набавки, дознава МКД.мк. Претреси се вршат и во една скопска фирма која во тој период соработувала со Владата.

Објавено на

часот

Сподели

МКД.мк дознава дека по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Финансиската полиција освен во домот на Мирчевски врши претреси и кај управител на една скопска фирма која во периодот што се истражува соработувала со Владата.

Нашите извори велат дека станува збор за сомнежи за злоупотреба на случаи поврзани со јавни набавки, проневера, поткуп и други кривични дела.

Детали за акцијата се очекуваат во текот на денот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ