Завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат во машка конкуренција односно во „Фајнал-фор“ формат во женска конкуренција, ќе се одигра во периодот од 13. до 15. февруари, 2025 година, во спортската сала „26. Април“ во Гевгелија.
Во четвртфиналето во машка конкуренција ќе се соочат тимовите на:
ТФТ – Гостивар
Пелистер – Чаир
МЗТ Скопје – Работнички
Куманово – Кожув
Во полуфиналето на женскиот дел од турнирот ќе играат:
Крива Паланка – Вардар
Баскет Кам – Бадел