петок, 25 октомври 2024
Утрово во населба Илинден

Филмски грабеж среде бел ден во банка во Скопје: „Дај ги парите или ќе те убијам“

Непознато лице пред околу половина час извршило грабеж во банка во скопската населба Илинден. Како што дознаваме одземена е голема сума на пари, а осомничениот бил маскиран и вооружен. Парите успеал да ги земе со закани по живот кон вработените на кој им кажал дека ќе ги убие ако не му ги дадат пари од банката.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во настанот нема повредени лица. Идентитетот на ограбовуачот е непознат, а тој со пленот избегал во непознат правец.

Во моментов во тек е увид на местото, а официјални информации за настанот од МВР ќе има во текот на денот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ