сабота, 22 февруари 2025

Филипинско село нуди награда за секој што ќе фати комарци – живи или мртви

Село во главниот град на Филипините им понуди на жителите по еден филипински пезос (два центи) за секои пет комарци или ларви што ќе ги фатат – живи или мртви – како дел од напорите да се спречи порастот на случаите на денга треска.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Селото Адишн хилс во Мандалујонг, предградие на Манила, започна лов на комарци оваа недела.

„Овој проект е алтернативна мерка, особено во време кога бројот на случаи на денга се зголемува“, изјави началникот на селото Карлито Цернал во објава на Фејсбук.

Началникот Цернал ја бранеше неконвенционалната стратегија, а Министерството за здравство рече дека наместо да нудат награди за комарци, локалните власти треба да се фокусираат на собирање ѓубре.

Селото на својата Фејсбук страница објави дека еден жител донел 45 ларви од комарци и заработил 9 пезоси.

Просечниот дневен приход во Метро Манила е околу 10 евра.

Кармелита Гонзалес, шеф на кабинетот на началникот на селото, рече дека досега учествувале најмалку 36 жители. „Тие се забавуваат собирајќи комарци и ларви“, изјави таа за ДПА во телефонско интервју.

„Поважно е што проектот ја подигна свеста кај жителите за потребата да се исчисти животната средина за борба против треската. Оваа кампања ќе ја имаме се додека има многу случаи на денга“, додаде таа.

Денга треската е вирусна болест опасна по живот што ја пренесуваат комарците во тропските и суптропските региони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ