среда, 4 декември 2024

Филипче: Мицкоски нема да ја менува преговарачката рамка, значи СДСМ го заштити македонскиот идентитет со „францускиот предлог“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ изјави дека премиерот што првпат признал дека не бараат промена на преговарачката рамка, е доказ дека претходната влада предводена од СДСМ со „францускиот предлог“ ги заштитила македонскиот јазик, народ и идентитет.

Објавено на

часот

Сподели

„ Ако изработат подобра позиција од наша во преговарачка процес ние веднаш ќе ја поддржиме. И тоа го кажав во неколку наврати, меѓутоа подобра позиција која што ќе биде реално возможна. За жал најавите не се такви. Новата еврокомесарка за проширување кажува дека е јасно што треба да направиме ние. Се поставува прашањето колку ќе чека Владата за да сфати и да признае дека нема да им помине тоа. Нека ги кажат инструментите со коишто се борат, нека ги кажат земјите коишто до сега ги поддржуваат. Премиерот погази многу ветувања, сега употребува ‘северна’, погази укажувања во врска со Преспанскиот договор, но најбитна работа, за првпат признаа дека за преговарачката рамка не бараат промена. Тоа е доказ дека ниту еден од идентитетските обележја за што не критикуваат дека сме биле предавници не е напуштен, што значи дека с è е заштитено со таа преговарачка рамка, односно целокупниот ‘француски предлог’, пред сè македонскиот јазик, македонскиот народ и идентитетот. Така што уште една лага со тоа се разобличи“, изјави Филипче.

Тој, исто така ја нагласи важноста на отворањето на преговарачките поглавја за Македонија да може да продолжи со процесот на интеграција во Европската Унија.

„Ние немаме друг механизам да ја откочиме земјата да мрднеме напред да се развива, освен да ги започнеме приговорите. Гледајте Албанија оди напред го отвора второто поглавје. Црна Гора затвора четири поглавја, до 2026 година има најава дека ќе стане земја членка на Европската Унија, 2027 нека е 2028 ние не сме ги отпочнале отворањето на поглавјата. Мораме да ги отвориме поглавјата за да влеземе во процес на наша надградба, на надградба на нашите системи, на нашите институции, на нашите закони, на нашите луѓе инаку ќе ни избегаат младите и нема никој да остане тука“, рече Филипче во интервју за емисијата 360 степени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ