недела, 22 декември 2024

Фиќовците оро водат на изложбата на олдтајмери во Кавадарци (ФОТО)

Фиќовци, стојадини, буби, модели на мерцедес, опел, тојота и разни други модели кои ретко може да се видат на улиците поради старото годиште на производство, а се во извонредна состојба се изложени денеска во Кавадарци на изложбата на олдтајмери во рамки на фестивалот „Тиквешкиот гроздобер“.

Објавено на

часот

Сподели

Изложбата на олдтајмери е во организација на Авто мото клуб РПМ и кавадаречката локална самоуправа.

Кирил Димитров Урошев, дел од организацијата на настанот вели дека за изложбата се пријавени педесетина возила од земјава и странство.

Најстарите пријавени возила се од периодот околу 1950 година, но едно возило како што може да се забележи, е и од постаро годиште.

Посетителите на изложбата имаат можност да ги погледнат изложените примероци, да се фотографираат со нив и да слушнат вистински приказни поврзани со овие миленици на четири тркала, како што знаат за нив да кажат нивните сопственици.

-„Се работи за стари возила, но со многу голема вредност за нас самите и во историјата на автомобилизмот. Тие се дел од нашите спомени, ги чуваме и негуваме, со многу љубов и внимание“, коментираа некои од нив.

Димитров Урошев подвлече дека целта на ваквите настани е промоција и зачувување на историјата на македонскиот автомобилизам.

Фотографии: ФБ на Тиквешки гроздобер

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ