Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) соопшти дека прво ќе ја анализира одлуката со судот, па потоа ќе излезе со свој став.
„ФИФА сега ќе ја анализира одлуката заедно со УЕФА и другите конфедерации и членки пред да дава дополнителни коментари. Во согласност со својот Статут, ФИФА цврсто верува во специфичната природа на спортот, вклучително и пирамидалната структура која е поткрепена со спортски заслуги и приниципите на натпреварувачката рамнотежа и финансиска солидарност. Фудбалот ја должи својата долга и успешна историја на горенаведените принципи, кои ФИФА, конфедерациите и асоцијациите членки ќе продолжат да ги промовираат во иднина, во интерес на сите фудбалски фанови ширум светот“, стои во соопштението на ФИФА.