среда, 22 јануари 2025

Фетаи со поддршка на ОБСЕ до стратегија за пренамена на средствата од продажбата на запленет имот

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска имаше средба со делегација на ОБСЕ од Одделението за организираниот транснационален криминал и корупцијата, предводена од проектниот офицер, Мерима Абдиќ, на која, како што информираат од кабинетот на Фетаи, било разговарано за спроведување на проектот за зајакнување на напорите за поврат на имот во регионот на ОБСЕ.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, Абдиќ го презентирала проектот и подвлекла дека борбата против корупцијата останува приоритет на ОБСЕ, како и на главните поддржувачи на проектот, САД и ЕУ.  Таа, се вели во соопштението, изразила подготвеност преку проектот да споделат искуства за менаџирањето со запленетиот имот и повторената општествена пренамена на имотот.

Вицепремиерот Фетаи, се вели во соопштението од неговиот кабинет, на средбата информирал за неговата улога како претседавач на меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата истакнувајќи го залагањето за брзото донесување на новата стратегија за конфискација на имот, која е во владина процедура.

Посебен акцент, се посочува во соопштението, бил даден на поддршката на ОБСЕ на институциите одговорни за примената на стратегијата како и на унапредување и повторна општествена пренамена на средствата стекнати од продажбата на запленетиот имот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ