Посетителите што нема да се натпреваруваат ќе имаат можност да бидат дел од „гејминг“ забавата во посебно опремениот простор со симулатори и конзоли за видео-игри.
„На фестивалот сите учесниците и љубителите на видео-игрите ќе можат да се забавуваат и натпреваруваат, а меѓу игрите што ќе ги понуди фестивалот се оние од плеј стејшн и нинтендо, но и ретро видео-игрите како „Супер Марио“, „Пак-мен“, „Kинг Конг“ и сл. Понудата е дополнета и со опции за натпреварување и забава, преку практикување фудбалски вештини“, соопштија од Дајмонд мол, организатори на настанот.
За најуспешните учесници на фестивалот на видео-игри, од Дајмонд мол соопштија дека ќе обезбедат подароци, кои ќе ги додели македонскиот актер, љубител на видео игри и програмер Гораст Цветковски, а доделувањето ќе се одржи на последниот ден од фестивалот.