Со организацијата на овој настан Дајмонд моол овозможува поголема промоција на
традиционалните домашни производи со висок квалитет, кои честопати не можат да се
најдат на рафтовите во продавниците, што истовремено значи и голема поддршка за
малите локални производители на ваквиот вид храна и пијалаци.
Овој настан совршено се вклопува во концептот на Дајмонд мол (Diamond Mall) кој нуди врвно искуство и уникатно доживување за сите, преку комбинацијата на можности за одличен шопинг, за гастрономско уживање и за забава. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Дајмонд мол за кратко време од неговото отворање прерасна во новата популарна дестинација за сите жители и посетители на главниот град.