недела, 22 декември 2024

Фероинвест изгради фотонапонска електрана на покривот на Веро центар во Скопје

Веро центар доби покривна фотонапонска електрана благодарение на која до 40% од својата потрошувачка на електрична енергија од мрежа ќе ја замени со електрична енергија произведена од сонце.

Објавено на

часот

Сподели

Веро центарот, кој е лоциран во центарот на Скопје, ќе ја користи оваа електрана за своите сопствени потреби, што беше основна идеја на инвеститорот кога се обрати до Фероинвест за изведување на проектот.

Електраната со инсталирана моќност од 730 kW е поставена и пуштена во пробна работа во рок од два месеци во текот на летниот период, во услови на топлотен бран, но со засилено темпо на работа од страна на инженерите и техничарите на Фероинвест и ЕМС, со цел клиентот да може што повеќе да искористи од периодот на поволно сончево зрачење за производство на електрична енергија.

Со овој проект, компанијата Верополус груп се постави во редот на еколошки ангажирани компании кои инвестираат во енергетски проекти значајни за енергетската транзиција на државата, и кои долгорочно носат финансиска заштеда за инвеститорот.

Фероинвест нуди изградба на електрани од обновливи извори по принципот клуч на рака, односно од нивно проектирање, изградба, пуштање во употреба, па се до обезбеден откуп на енергијата и 24-часовен мониторинг и одржување на електраната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ