понеделник, 21 октомври 2024

Фердинанд го испофали Јамал и постави прашање од милион долари: Како да се сопре ова момче?

Легендата на Манчестер јунајтед и Англија, Рио Фердинанд има многу пофални зборови за Ламин Јамал и вели дека главното прашање е како да се сопре тинејџерот на Барселона и Шпанија.

Објавено на

часот

Сподели

Ламин Јамал е во фокусот на спортската јавност откако синоќа постигна спектакуларен гол против Франција во полуфиналето, и со 16 години стана најмладиот стрелец на Европските првенства.

Но не е само погодокот, Рио Фердинанд е воодушевен од целокупните перформанси на младото момче.

„Со каква смиреност само игра“ – вели легендата на Манчестер јунајтед и Англија за БиБиСи. „Игра како некој кој со години е врвен фудбалер. Носи брзи одлуки и едноставно го одбира правото додавање во право време“.

„Игра едноставно, а верувајте, тоа воопшто не е лесно. Сите знаеме како е кога сте млад играч кој доаѓа во тимот, особено во националниот тим. Одма сакате да им докажете на другите зошто сте тука, па често знаете да „изгорите“ во желбата“.

„9 од 10 пати, младите играчи ќе претераат со дриблинзите, ќе погрешат при додавање или ќе се обидат да направат нешто што нема да помине“.

„Ние ниту еднаш не кажавме вакво нешто за Јамал. Тој го прави спротивното, 9 ипол пати од 10, ја носи правата одлука. И тоа со само 16 години“.

„Прашањето сега е како да се сопре Јамал? Ова е загатката која ќе треба да ја решат противниците. Ако одлучите да му се залепите, ќе ве издрибла и ќе ве помине. Ако му оставите простор, ќе даде прецизно додавање или ќе шутне од далечина, а видовме каков шут има“.

„Вообичаено, крилните фудбалери се многу брзи и менуваат правец, но не се толку вешти кога се во прашања додавањата. Епа Јамал знае и да додава“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ