сабота, 22 февруари 2025

Федерален судија ѝ овозможи на Трамповата администрација да повлече илјадници работници на УСАИД

Федерален судија денеска го отвори патот за администрацијата на Трамп да повлече илјадници вработени во Агенцијата на САД за меѓународен развој од работните места, пренесе АП.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судијата Карл Николс ја отстрани привремената блокада на напорите да се повлечат сите освен мал дел од вработените во УСАИД од нивните позиции и да им се даде на оние што се во странство рок од 30 дена да се вратат во САД на државен трошок.

Пресудата е донесена за тужба поднесена од синдикатите во име на работниците. Тие велат дека брзањето да се растури агенцијата отсекло некои вработени во странство од итните комуникациски системи, вклучително и некои што се во опасност од политичко насилство во Конго.

Администрацијата на Трамп и Министерството за владина ефикасност чиј шеф е милијардерот Илон Маск, трескавично тргнаа во уништување на УСАИД, тврдејќи дека нејзината работа е расипничка и не е во согласност со агендата на претседателот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ