среда, 4 декември 2024

ФБИ уапси член на Националната гарда зашто се пријавил за платен убиец

Објавено на

часот

Сподели

Според судските документи, Хозе Ернесто Гарсија (21) рекол дека парите му се потребни за да го издржува семејството, јави денеска Би-би-си.

Сајтот е основан во 2005 година првично за да ја рекламира сајбер-безбедноста, а откако тоа пропаднало, се претвори во пародија со опции за аплицирање за работа како платен убиец.

ФБИ соопшти дека во средината на февруари, Гарсија испратил биографија во која е истакнато неговото воено искуство и експертиза во ракување со пушки.

СИ-би-ес њуз објави дека Гарсија се приклучил на Воздухопловната национална гарда како пилот од прва класа во јули 2021 година.

Веб-страницата, наводно, по налог на ФБИ одговорила на пријавата на Гарсија, а еден таен агент набрзо почнал да се допишува со него.

ФБИ тврди дека Гарсија се согласил да убие човек за 5.000 долари.

Тајниот агент го сретнал Гарсија во парк, каде што му предал пакет за фиктивната цел, со фотографии и информации, заедно со уплата од 2.500 долари.

Откако се согласил за условите, Гарсија прашал дали треба да достави фотографија од трупот на убиениот, се вели во соопштението на канцеларијата на окружниот обвинител во Тенеси.

Гарсија потоа бил уапсен од агенти, кои го пребарале неговиот дом, каде што откриле пушка.

Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со казна затвор до 10 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ