сабота, 27 јули 2024

ФБИ собира докази за руските воени злосторства во Украина: „Откривме руски шпиони“

Објавено на

часот

Сподели

Украинските власти собираат податоци од боиштата и од украинските градови опустошени од војната, откако Русија ја нападна земјата минатиот февруари, изјави Алекс Кобзанец, специјален агент на ФБИ, кој претходно служеше како правен аташе на агенцијата во Украина.

„Собирањето на тие податоци и нивната анализа, работата со тие податоци, е нешто во што ФБИ има искуство“, рече Кобзанец на конференцијата за сајбер-безбедност РСА во Сан Франциско.

„Оваа работа вклучува испитување на податоците од мобилни телефони, форензичка анализа на примероци од ДНК, како и анализа на делови од тела собрани од бојното поле“, рече тој.

„Следниот чекор е да се работи со националните американски провајдери и да се префрлат тие информации, да се добијат податоци за претплатниците, да се добијат информации за геолокацијата, таму каде што е можно“, додаде Кобзанец.

Работата го одразува продлабочувањето на соработката меѓу САД и Украина на сајбер-фронтот, каде Русија е заеднички противник за двете земји. Агентот додал дека американското ФБИ во изминатата година и пол работи за да ѝ помогне на Украина да ги идентификува руските соработници и шпиони што дејствуваат во Украина и руските сили што дејствуваат надвор од Киев за време на инвазијата.

Американските безбедносни фирми и официјални лица се главниот партнер на Украина во нејзините напори да се одбрани од руските сајбер-напади.

Илија Витјук, шеф на Одделот за сајбер-информациска безбедност на Украинската служба за безбедност, рече дека иако бројот на руските напади врз Украина се зголемил во изминатите неколку години, тие стануваат сè пофокусирани во последните месеци.

„Многу е тешко во кривичната постапка да се докаже кој е одговорен“, рече Витјук. „За нас е многу важно да добиеме што е можно повеќе информации за руските сајбер-криминалци бидејќи ги собираме сите тие информации и ги ставаме во нашите криминални случаи“, рече тој.

„Веруваме дека овој случај на сајбер-воени злосторства е нешто ново. Овде ја видовме првата сајбер-војна со полн обем“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ