недела, 22 декември 2024

ФБИ: Иран се обиде да му понуди на штабот на Бајден украден изборен материјал од кампањата на Трамп

Ирански сајбер актери испратиле е-пошта во текот на летото до лица вклучени во тогашната кампања за реизбор на американскиот претседател Џо Бајден, која содржела украден изборен материјал од кандидатот Доналд Трамп, во обид да влијаат на претседателските избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Понатаму, иранските злонамерни сајбер актери продолжиле со своите напори од јуни да испратат украдени, нејавни материјали поврзани со кампањата на поранешниот претседател Трамп до американски медиумски организации“, наведоа ФБИ, Агенцијата за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата и Канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка служба во заедничка изјава.

Агенциите не соопштија дополнителни детали за карактерот на украдениот материјал.

Иран претходно негираше мешање во американските избори. Постојаната мисија на Иран во ОН во Њујорк не одговори веднаш на барањето за коментар во средата.

Во август, Соединетите Држави го обвинија Иран дека започнал сајбер операции против кампањите на двајцата кандидати за претседател на САД и дека ја таргетира американската јавност со „операции за влијание“ за поттикнување политички раздор.

Злонамерните сајбер актери испратиле несакани е-пораки до поединци во кампањата на Бајден кон крајот на јуни и почетокот на јули, кои содржеле извадоци од украден материјал од кампањата на Трамп, се вели во вчерашното соопштение.

Бајден се откажа од трката за Белата куќа на 21 јули, а потоа беше заменет од потпретседателката Камала Харис како кандидатка на демократите.

Кампањата на Трамп рече дека Харис и Бајден треба да откријат дали го користеле хакираниот материјал „за да му наштетат“ на претседателот Трамп.

„Немаме сознанија за каков било материјал кој е директно испратен до кампањата. Личните е-мејлови на неколку поединци беа мета на нешто што личеше како нескана пошта или обид за крадење иднетитет“, рече портпаролот на кампањата на Харис во соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ