среда, 23 октомври 2024
Кривични пријави за лице од Бугарија и Охрид

Фатени две лица од ланецот измами со лажни сообраќајки

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.В.(58) од Бугарија и А.Т.(41) од Охрид осомничени за кривични дела измама.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, од 30 април до 13 мај 2024 година, Е.И.В. и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни несреќи во кои имало жртви.

„Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што А.Т. одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на Е.И.В. На овој начин, тие извршиле три кривични дела со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари“, информира Министерството за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ