Како што информираа од СВР Битола, тие се сомничат дека вчера и завчера извршиле две тешки кражби во куќа во Битола и во објект во изградба во битолско Крклино, при што одзеле повеќе предмети.
Биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците.
По целосно докумнетирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветени пријави.