Од МВР соопштија дека веднаш по добиена пријава околу 02.35 часот дека две лица извршиле тешка кражба од патничко возило на територија на Карпош, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а кај нив се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.