вторник, 4 февруари 2025

Фатени 18 рибокрадци во Охридско Езеро во текот на јануари

Само во текот на месец јануари оваа година во Охридското Езеро откриени се 18 случаи на криволов на риба.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од СВР – Охрид, изминатиот месец службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ самастојно и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство, спровеле повеќе контролни патролни активности за заштита на државната граница и по Законот за рибарство и аквакултура и Законот за внатрешна пловидба.

Притоа затекнати се 15 прекршители како вршат незаконски риболов, пронајдени се и подигнати вкупно 116 рибарски мрежи со различна големина на окца и со вкупна должина од 6.120 метри и улов од 293 парчиња различна риба со вкупна тежина од 51,4 килограми.

При преземените мерки, констатирани се 14 прекршоци по Законот за внатрешна пловидба за што се поднесени и соодветни пријави.

Во истиот период, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ извршиле шест контроли на рибарите кои беа ангажирани за вештачкиот мрест, а спроведоа и шест патролни дејности со физичко присуство на научно- истражувачкиот брод од Јавната национална установа „Хидробилошки завод “- Охрид.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ