На 21 април 2023 извршил тешка кражба во фабрика во Велес, на 24 април 2023 тешка кражба во викенд куќа сопственост на Г.Ј. во место викано „Долна Брца“, на 28 април 2023 во фабрика во Велес, на 02 мај 2023 тешка кражба во викенд куќа во место викано „Три дола“ сопственост на Г.В., на 16.05.2023 тешка кражба во викенд куќа сопственост на Д.Б. во место викано „Сариер“ и на 28 мај 2023 тешка кражба во гаража од семејна куќа на ул.„Вера Циривири“, сопственост на Ј.Б. од Велес, се појаснува во соопштението од МВР.
Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето, стои во соопштението, е приведено во Полициската станица Велес и по целосно документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.