Тој бил баран по девет централни потерници од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје и од Основното јавно обвинителство Скопје за издржување на казна затвор од 11 години и три месеци.
При лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. М.К. бил предаден во Полициска станица Битола за понатамошна постапка.