сабота, 13 јули 2024
Поднесена е кривична пријава

Фатен крадец на предмети, но и автомобили низ Скопје

Полициски службеници од ЕВР Карпош денеска го лишиле од слобода Б.Б. (44) и против него е поднесена кривична пријави поради основано сомнение дека сторил четири кривични дела на територијата на Скопје, соопштија од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР појаснуваат дека Б.Б е осомничен за сторено едно кривично дело „кражба” предвидено и казниво по чл. 235 од КЗ на РСМ, едно кривично дело „одземање моторно возило” предвидено и казниво по чл. 242 од КЗ на РСМ и две кривични дела „тешка кражба” предвидени и казниви по чл. 236 од КЗ на РСМ.

Сторителот е изведен пред судија за претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена, а пронајдените предмети, меѓу кои и едно возило, се вратени на оштетените лица

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ