Радарот регистрира дека патничкото возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки возело со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.