„Денес проширувањето стана геостратешка итност и затоа уште еднаш и посакувам на Северна Македонија многу храброст, многу самодоверба, цврста работа“, рече Фајон повторувајќи дека уставните измени се клучни за Македонија.
Вицепремиерот Маричиќ и денеска повтори дека уставните измени се единствениот чекор за да се продолжи евроинтеграцијата.
„Во извештајот за напредокот за оваа година Европската комисија ни упати силна порака дека треба да продолжиме и да ја интензивираме работата на овој пат на кој сме до сега и да го зајакнеме доброто ниво на подготвеност. Имаме прогрес во 80 отсто од поглавјата и нема назадување во ниту едно поглавје. Тоа не значи дека сме завршиле се, но значи дека имаме добра основа да продолжиме понатаму“, рече Маричиќ.