четврток, 13 март 2025

Евтина и моќна: Нутриционистите велат дека оваа храна треба почесто да ја јадете

Оризот, овесот и другите житарки често се дел од урамнотежена исхрана, но киноата се издвојува по својата хранлива вредност. Можете да ја вклучите во менито секој ден, а нутриционистите посочуваат бројни здравствени придобивки од редовното консумирање.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

„Киноата е хранливо богато, природно зрно без глутен, кое има широка примена во исхраната и е вистински извор на хранливи материи“, објаснува диететичарот Кристина Илијен. Киноата ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини, што ја прави целосен протеин, половина шолја од оваа храна содржи 12 гр протеини, додека белиот ориз има само 3 грама.

Диететичарката Патриција Колеса нагласува дека киноата има висока содржина на влакна и е богата со железо, фолати, тиамин, манган, фосфор и цинк.

Нутриционистите истакнуваат дека киноата е исклучително приспособлива и може да се користи во различни јадења – или како сладок појадок со овошје или како додаток на солени јадења за ручек и вечера.

Бидејќи не содржи глутен, киноата е погодна и за луѓе со целијакија или нетолеранција на глутен, вели Илијен. Во продолжение погледнете ги петте клучни здравствени придобивки од оваа храна.

Одржува стабилно ниво на шеќер во крвта

Киноата може да помогне да се стабилизира нивото на шеќер во крвта и да се намали ризикот од дијабетес тип 2. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање киноа на празен стомак го подобрува нивото на гликоза и го спречува скокот на шеќерот по оброкот.

Го подобрува варењето на храната

Киноата е богата со растворливи и нерастворливи влакна, кои помагаат да се одржи здрав дигестивниот систем и спречува запек. Ако штотуку почнувате да го внесувате во исхраната, најдобро е да започнете со помали порции за телото постепено да се прилагоди и да избегне надуеност.

Го намалува нивото на лошиот холестерол

Редовното консумирање киноа може да помогне во намалувањето на нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол, а со тоа го подобрува здравјето на срцето и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Го намалува воспалението и ризикот од хронични заболувања

Покрај тоа што придонесува за здравјето на срцето, киноата може да го намали ризикот од други хронични болести, вклучително и одредени видови на рак. Неговите богати хранливи состојки помагаат во намалување на воспалителните процеси во телото, а помалото воспаление значи помал ризик од развој на болеста.

Го поддржува здравјето на мозокот

Витамините од Б комплексот и антиоксидантите присутни во киноата имаат позитивно влијание врз менталното здравје и когнитивните функции. Истражувањата покажуваат дека хранливите материи од киноата можат да ги намалат воспалителните процеси во мозокот, што долгорочно придонесува за подобра меморија и здравје на мозокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ