Пратеничката од Европскиот фронт, Дијана Тоска побара морална одговорност од надлежните лца и целосна, транспарентна истрага.
„Ниту министерот Таравари, кој е целосно збунет шетајќи низ населбите и градовите во обид да му ги украде партиските печати на неговиот поранешен претседател Зијадин Села, не чувствува никаква морална одговорност и морална мотивација да се однесува како човек во ваква ситуација. Напротив, тој има тенденција да ја релативизира целата оваа ситуација, што во нормална држава ќе резултираше не само со негова оставка и оставка на неспособниот директор Мемеди. Апелираме до вас Арбен да си одите“, рече Тоска.
Од Европскиот фронт оценија дека директорот на Детската клиника Реџеп Мемеди нема слух за скандалите во установата и се занимава со вработување на членови на неговото семејство.
„Четиринаесетмесечно бебе почина, бидејќи не доби соодветен третман од надлежната институција, поточно Детската клиника во Скопје, чиј директор е Реџеп Мемеди, кој го сместил и неговиот братучед Алајдин Мемеди, а кој е обвинет за корупција. Деновите минуваат, а директорот Мемеди и понатаму нема слух за скандалите во установата поради што животот го загуби 14-месечно бебе, а пак претходно деца беа тепани од вработени и им беше забрането да зборуваат албански. Секако дека е зафатен со многу работа за да ги вработи членовите на неговото семејство, неговиот братучед и во исто време да ги прикрие скандалите за финансиска злоупотреба во оваа иста клиника3, рече Тоска.
Пратеничката група на Коалицијата Европски фронт функционира во полн состав, истакна координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети одговарајќи на новинарско прашање околу наводите во медиумите дека претстедателот и пратеник на ДПА Мендух Тачи се повлекува од коалицијата.
„Пратеничката групата функционира во полн состав. Активна е во сите сфери внатре во Собранието и надвор во комуникација со граѓаните. Јасно ни е дека од Коалицијата Вреди се во паника од поголемата реакција на Албанците и другите етнички заедници, посебно спрема нив како губитници на изборите. Европскиот фронт е комотен и функционира, но не се комотни граѓаните и тие се нивни желби остануваат со отворени очи. ДУИ има сопствен план, сопствена агенда, победи на секои избори и најверодавни за нас се граѓаните Албанци кои ни даваат поддршка, а не другите коментари“, рече Беџети.
Одговарајќи на повиците на премиерот Христијан Мицкоски дека ДУИ треба да се реформира оти тоа е единствениот начин за конструктивна опозиција, Беџети нагласи оти „ако тоа е основ, тогаш во претходниот владин мандат имало лица кои се осудени, а и денеска се носители на јавни функции“.
„Ако е тој основ, колку што знам јас во претходниот мандат стотина нивни функционери кои и денеска се носители на јавни функции се осудени на условно, се во судски постапки а се носители на јавни функции. Ако влеземе во таа дебата, тогаш ќе ја изгубиме и презумпцијата на невиност од нивна страна. И затоа се воздржувам од споменување на имиња. ДУИ ја има таа чест и одговорност со огромното гласање на Европскиот фронт што го доби легитимитетот. А за интерните планови на секоја партија, секој се грижи најдоброто да го создаде“, рече Беџети.