петок, 18 октомври 2024

Европски фронт (не)се соочува со излегувањето на Мендух Тачи од коалицијата

По информациите кои протекоа во јавноста за напушањето на Мендух Тачи и неговата ДПА на коалицијата Европскиот фронт, партнерите од коалицијата, особено ДУИ, избегнуваат да коментираат за потегот.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми во изјава за МИА вели дека пратеничката група е функционална.

„Пратеничката група е функционална и работи во полн состав“ одговори кусо Адеми.

И Блерим Беџети од Европскиот фронт денеска на прес-конференција во Собранието даде речиси идентичен одговор.

„ Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието. За други прашања или дилеми треба да се обратите до Мендух Тачи или до Али Ахмети“, рече Беџети.

На новинарско прашање зошто отсуствал Тачи на настаните организирани од коалицијата, Беџети одговори дека и во други активности се случува да отсуствува некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт.

„ И во другите активности отсуствувал некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт. Ве уверувам дека тоа е нормално, секој со своите обврски и протоколарни средби може да отсуствува во некоја од средбите“, рече Беџети.

Од ДПА изјавуваат дека во наредните денови ќе има официјално соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ