Постапката е почната поради сомнеж дека Икс ги прекршил своите обврски кои се однесуваат на сузбивање на нелегалната содржина и дезинформациите, пренесува Си-ен-би-си.
Социјалната мрежа Икс исто така наводно го прекршила правилото за транспарентност.
Европската Унија со отворањето на оваа постапка реагира и на наводниот „залажувачки дизајн“’ на корисничкиот интерфејс на платформата Икс.
Сопственикот на социјалната мрежа и најбогат човек во светот Илон Маск засега не се огласил за овој случај.
Бретон претходно го предупредуваше Маск дека неговата платформа Икс е преплавена со дезинформации за војната во Израел што е во спротивност со законските рамки на ЕУ.