Комисијата на амбасадорите на државите членки на ЕУ им потврди дека Украина целосно ги исполнила сите четири, а Молдавија сите три свои исклучителни реформски чекори за да ги почне формалните преговори, кажале луѓе блиски на преговорите.
Премиерот на Украина Денис Шмихал ја објави одлуката на ЕК на социјалните мрежи и се заблагодари на позитивната оценка на напредокот на неговата земја на европскиот пат.
ЕК наведува дека Украина ги исполнува сите неопходни критериуми за придружување на економскиот блок меѓу кои се спроведување на мерките за борба против корупцијата, ограничување на политичкото лобирање, правилата за пријава на имотот за државните службеници и заштитата на јазиците на националните малцинства.
„Украина ги исполни сите критериуми. Сега одлуката е во рацете на државите членки на ЕУ“, соопшти портпаролката на ЕК.
Грузија, која неодамна го усвои законот за „странски агенти“ и покрај предупредувањата од Брисел, не доби зелено светло за почеток на преговорите кое ЕК им ги даде на Украина и Молдавија споделувајќи ја својата препорака со 27 амбасадори на блокот.