сабота, 22 февруари 2025

Европејците треба да го засилат притисокот врз САД, вели германска министерка

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денеска рече дека верува оти европските сојузници треба да извршат поголем притисок врз администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за да избегнат губење на Вашингтон како партнер, вклучително и во разговорите за војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го зголемуваме притисокот врз Американците“ за да покажеме „дека тие многу ќе загубат ако веќе не се сојузници со либералните демократии во Европа“, рече Баербок за време на настан за изборната кампања во градот Потсдам, веднаш до Берлин.

Пред три години, кога Русија првпат ја нападна Украина, германската влада прогласи „пресвртница“, рече таа, мислејќи на мошне цитираниот говор на канцеларот Олаф Шолц, кој ветуваше повеќе трошоци за одбраната.

„Сега ни треба втора пресвртница“, рече Баербок, „нема повеќе да се колебаме за нашиот мир“.

Политичарката на Зелените алармираше поради новите билатерални разговори меѓу Русија и САД почнати претходно оваа недела, поради стравувањата дека Украина може да биде принудена да направи болни отстапки во договорот за прекин на огнот.

„Лажниот мир – односно мирот што не е мир, туку уцена или предавање, тоа не е мир, туку спротивното: понатамошна подготовка за уште поголема војна и насилство“, рече Баербок. „Затоа јас ќе ја поддржувам Украина сѐ додека ѝ треба, бидејќи тоа е нашиот мир.“

„Никој не може да одлучува за војната и мирот над главите на Украинците или на нас Европејците – и тоа е јасна германска позиција“, рече високата германска дипломатка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ