понеделник, 24 февруари 2025

„Европа бара промени“, честитка од Мицкоски за изборната победа во Германија на ЦДУ

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка за победата на ЦДУ на парламентарните избори во Германија.

Објавено на

часот

Сподели

„Честитки за значајната победа на ЦДУ на изборите. Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија. Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, наведува Мицкоски во честитката објавена на неговито фејсбук профил.

Според резултатите од вчерашните избори во Германија, конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ предводен од Фридрих Мерц освои 29 отсто од гласовите, пред екстремно-десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која е на второ место, со околу 20 проценти доверба. Социјалдемократите (СПД) на канцеларот Олаф Шолц се трети со 16 отсто, а потоа Зелените со 13,5 отсто од гласовите.

Во Бундестагот влегуваат уште и Зелените и Левица, додека Слободната демократска партија (ФДП) и Партијата Разум и правда (БСВ) на Сара Вагенкнет се под изборниот праг.

Одѕивот на изборите е рекорден 84 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ