сабота, 23 ноември 2024

Евроамбасадорот Рокас најави посета на Урсула фон дер Лајен на Македонија, на 24 октомври

Министерот за правда, Игор Филков денеска се сретна со шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговараше за законодавната агенда, планираните реформски активности во правосудството, Судскиот совет, Развојната секторска стратегијата за правосудството 2024-2028, Кривичниот законик, дигитализацијата на судството, евроинтегративните процеси, како и за борбата против корупцијата, соопштија од Министерството за правда.

Министерот Филков  ја истакна определбата дека  реформската агенда е приоритет на државата, при што останува клучна поддршката од ЕУ за стабилноста на земјата, со надеж за продолжување на билатералната соработка во духот на заедничките вредности.

Амбасадорот Рокас посочи дека проширувањето на Европската Унија е повторно високо на агендата, а областа владеење на правото е најважната во контекст на евроинтеграциите. Рокас изрази подготвеност за поддршка на капацитетите на Министерството за правда, а ја најави и посетата  на Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Македонија,  на 24 октомври 2024, се наведува во соопштението од Минисерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ